Претепан директорот на Паркинзи Центар

Директорот на Паркинзи Центар Саша Богдановиќ вчера вечерта бил претепан пред домот во кој живее, соопштија од неговата партија. Според информациите, Богадновиќ бил претепан од две маскирани лица кои му нанеле тешки повреди.

Од МВР го потврдуваат случајот и информираат дека е приведено лицето М.Д (28), активен во навивачките кругови.

Се уште нема официјални информации за мотивите за инцидентот но извори на Press24 велат дека се разгледуваат повеќе околности меѓу кои и нерачистени сметки во навиачката група или недоразбирања во врска со организацијата на насилните протести.

 

Саша Богдановиќ од поранешниот генерален секретар на младината на СДСМ, Михаил Младеновски беше посочен како организатор на насилните протести. Младеновски рече дека токму Богдановиќ организирал дека од навивачите на работнички кои биле вработени во општина Центар и со нив предизвикувал нереди.

 

 

Оцени ја веста

08.05.2015 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега