Вредни награди - почна Стартап викендот во Скопје

Во ТелекомИновативниот Центар, во управната зграда на Македонски Телеком денес започнува четвртиот Стартап Викенд Скопје 2015. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со локалната стартап заедница, да ги развиваат своите идеи, да добијат вредни награди и да се стекнат со огромно искуство и нови контакти. Освен голема техничка опременост зареализација обезбедена од Македонски Телеком, што ќе го подобри искуството за учесниците и посетителите на настанот, тие ќеимаат и свои претставници во улога на судии и ментори, а најдобрите тимови ќе бидат наградени со Samsung таблети.

„Ние веруваме во иновативноста на македонскиот пазар и нашата определба е да бидеме силни поддржувачи на иновациите и новата технологија и тоа го докажавме со учеството во меѓународниот натпревар Business Wall of Fame, иницијативата Climate challenge камп, сега и со поддршката на Стартап Викенд Скопје 2015.

Се надеваме дека со најдобрите ќе изградиме партнерски однос кој ќе донесе нови вредности и нов квалитет и ќе води до понатамошни придобивки како за деловниот сектор, така и за приватните корисници“ - изјави Слободанка Јакимовска Јосифовиќ - Директор на сектор за развој на деловни и ИКТ услуги и решенија.

Стартап Викенд е 54 часовен глобален настан каде се здружуваат програмери,менаџери, студенти, маркетинг експерти и млади претприемачи со цел да генерираат новиидеи за бизнис и да направат план како успешно да ги реализираат.  

Стартап Викенд глобално има повеќе од 1500настани во повеќе од 660 градови во120 држави, а ментори селокални и меѓународни стартап експерти. Секој настан во просек има 85 учесници,кои реализираат по околу 10 нови идеи. Настанот до сега има анимирано повеќе од 123.000учесници на глобално ниво.

 

Трите најдобри тима Телеком ќе ги награди со таблети, а освен овие подароци победниците на Стартап Викенд Скопје ќеимаат можност да учествуваат на Spark.me конференцијата во Будва, DigitalKконференцијата во Софија и Startup Weekend Sofia.

 

 

Оцени ја веста

08.05.2015 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега