Николиќ: Само робови би го признале Косово

Српскиот претседател Томислав Николиќ мисли дека најважен услов за стапување на Србија во Европската унија ќе биде признавањето на независноста на Косово, но Србија тоа нема да го направи бидејќи на таков услов нема да се согласи ниту еден народ.

-Мислам дека најважен услов за нашето стапување во ЕУ ќе биде признавањето на независноста на Косово, но Србија нема да ја признае и никогаш не ни ја признава и ние тоа јасно им го зборувавме на претставниците на сите европски земји и институции. Но, ако ЕУ продолжи да инсистира на таквата наша одлука, тоа ќе значи дека ЕУ не сака да не види во својот состав, рече српскиот претседател во интервју за руската агенција Интерфакс, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека во таква ситуација „нашата совест ќе биде чиста, бидејќи сите ќе знаат дека сме сториле се да станеме членки на ЕУ“.

-Но на таков услов не би се согласил ниту еден народ. На тоа можат да се согласат само робови, рече претседателот на Србија.

Запрашан кои чекори треба да се очекуваат од Белград доколку развојот на соработката со Русија биде пречка за интеграцијата на Србија во ЕУ, Николиќ изјави „мислам дека овие претпоставки не стојат, бидејќи во нашите односи со ЕУ позначаен проблем претставува прашањето на Косово. Решавањето на ова прашање е основен услов за нашето пристапување кон Европската унија, додека односот со Русија, конкретно за воведувањето на санкции против неа, може да стане проблем дури кога станеме членка на ЕУ

 

 

Оцени ја веста

08.05.2015 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега