ХОТАМ: Македонци запознајте ја Македонија

Македонија располага со голем број на туристички понуди, не само за странските туку и за македонските туристи.

-Граѓаните на Република Македонија ги знаат државите околу нас отколку Македонија. Мојот апел е: Запознајте ја Македонија потрошете 4-5 викенди во текот на годината во Македонија, посетете го овој Саем да видете што се може да понуди нашата земја. Зборуваме за планински туризам, селски, активен туризам. Ги имаме сите дејности кои што можеме да ги понудиме, изјави Крсте Блажевски претседател на Хотелската асоцијација на Македонија.

Тој подвлече дека странските туристи се  заинтересирани за сето она што може да го понуди Македонија и дека таа заинтересираност треба да се зголеми и кај македонските граѓани, да ја запознаат својата земја и се што има да понуди.

Блажевски подвлече дека моменталната политичка ситуација негативно се одразува на туризмот во Македонија и дека е потребно и неопходно мирно решавање на истата, за да не се соочиме со откажување на туристичките аранжмани на странските туристи.

- Започнавме една многу убава сезона со првомајските празници, се надевавме тоа да продолжи, но поседната недела дена има доста тензии околу тоа и доста се зборува за откажување на некои аранжмани, заклучи тој.

 

 

 

 

Оцени ја веста

08.05.2015 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега