ПУКАЊЕ ВО КУМАНОВО - повредени полицајци

Во 4 часот и 30 минути, рано утринава во Куманово започна голема вооружена престрелка. Во кумановската населба “Диво насеље” полициските сили се судриле со група од околу 70 вооружени лица, објави Нова Тв.

-Неофицијално во престрелката има петмина ранети. Од утрово на граѓаните не им се дозволува да ги напуштаат своите домови и да се движат во центарот на градот во чија близина е и оваа населба .Граѓаните на Куманово ни јавуваат дека слушале престрелки и хеликоптери кои кружат над градот. Во мометов пукотниците се стишани, а улиците во градот блокирани од специјалните сили на полицијата, објави порталот. 

Вчера, се појави информација дека се очекува пукање во Куманово, дека е уфрлена група од петнаесетина униформирани лица, која планира напади на полициски станици и на други државни институции.

 

 

Оцени ја веста

09.05.2015 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега