ВИДЕО: Пукотници од сите страни - погледнете што се случуваше утрово во Куманово

 

Истрели и пукотници се слушаат од 4 часот утринава во Куманово. Според информациите на локалниот портал „Кумановски муабети“, истрелите доаѓале од правецот на Зелен пазар, ул. Тоде Мендол, односно од повисоката зона на градот предоминантно населена со албанско малцинство.Полициските сили веќе се во Куманово, а од рано утрово хеликоптери прелетуваат и над Скопје. 

Од утрово на граѓаните не им се дозволува да ги напуштаат своите домови и да се движат во центарот на градот во чија близина е и оваа населба.

На албанските портали и групи на социјалните мрежи се апелира граѓаните да не наседнуваат на овие провокации од „непријателите на Албанците“, туку да останат во своите домови.

 

 

 

 

Оцени ја веста

09.05.2015 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега