ДС: Граѓаните да се обединат и да ги осудат нападите од терористите
Демократскиот сојуз со загриженост го следи развојот на безбедносните состојби и апелира на смиреност и воздржаност.
Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните, без разлика на етничката и верската припадност, да се обединат и да ги осудат нападите од терористите, да ги изолираат и да соработуваат со силите за безбедност.
-Очекуваме граѓаните да им дадат поддршка на силите за безбедност во справувањето со терористите кои ја загрозуваат безбедноста и територијалниот интегритет, се вели во соопштението.
Демократскиот сојуз апелира до сите партии да престанат со меѓусебни обвинувања, а силите за безбедност (полицијата и армијата) на ефикасен начин да се справат со вооружените групи.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа