Делегацијата на ЕУ повика на смиреност, трпение додека властите ги утврдат фактите во Куманово
Мисијата на Европската Унија испрати соопштение до јавноста во врска со престрелката во Куманово утринава, во која се повикува на смиреност од јавноста и се бара да се почека да бидат утврдени фактите од страна на релевантните власти.
-Делегацијата на Европската Унија внимателно ги следи извештаите за полициска операција која е во тек во околината на Куманово, при која имало размена на истрели. Во контакт сме со властите и со политичките партии. Силно апелираме до сите граѓани и политички фактори да останат мирни и да почекаат релевантните власти да ги утврдат фактите. Се надеваме дека ќе се избегне ескалација на тензиите, пишува во реакцијата на Делегацијата на ЕУ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа