Груевски: Изведена беше високо професионална, патриотска и херојска акција

Во речиси непрекината 28 часовна борба вчера и утрово, според кажувањата на стручните лица во министерството за внатрешни работи, команданти на единиците и лица кои биле активни и за време на борбените дејствија во 2001вата година, македонската полиција ја имаше досега најтешката, најсложената и најкомплицираната операција.

Ова во денешното обраќање го истакна премиерот Никола Груевски.

-Активноста која крајно професионално, одговорно и посветено ја раководеа професионалците во МВР, и во која македонската полиција составена од полицајци од сите етнички и верски заедници, изведе високо професионална, патриотска и херојска акција, успеа да ги неутрализира терористите кои планираа масовни убиства во Македонија, со цел нејзина дестабилизација, поосчи Груевски.

Тој додаде дена жртвата на осумте загинати припадници на МВР, кои спречиле убиство на можеби 8.000 луѓе, нема да се заборави.

 

 

Оцени ја веста

10.05.2015 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега