Земјотрес го стресе грчкиот остров Крит

Земјотрес со интензитет од 4,4 степени по Рихтер е регистриран синоќа во морскиот регион југоисточно од грчкиот остров Крит, јави њуз.ин. 

Потресот е почувствуван и во регионот на Јерапетра и на југоисточниот брег на островот. Нема податоци за жртви и материјална штета. 

Според сеизмолошкиот институт во Атина епицентарот на потресот бил во морето на 42 километри западно од Јерапетра и на 54,7 километри југоисточно од Ираклион, административниот центар на островот. 

Минатата недела сличен земјотрес со интензитет од 4,7 степени по Рихтер го погоди овој регион.

 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега