Македонското Собрание оддаде почит на загинатите херои

Собранието на Република Македонија денеска не ја одржа закажата 47. седница поради прогласениот Ден на жалост во Републиката. 

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски го осуди обидот за нарушување на безбедноста чија цел е дестабилизација на државата.

Тој изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо заздаравување и враќање кај нивните семејства и нивните работни места.

Пратениците со едноминутно молчење им оддадоа почит на осуммината припадници на полицијата кои загинаа во вчерашната акција во Куманово.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ја закажа 47-та седницата за утре. 

 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега