Марковски: Терористите не ја постигнаа целта

Воениот аналитичар Благоја Марковски во изјава за Нова Македонија вели дека целта на кумановската група била да ја загрози безбедноста на институциите и да го заплаши населението, но за среќа не била постигната истата.

Според неговите кажувања, групата е класичен пример на урбана терористичка формација, со строга хиерархија, која имала поддршка од локални јатаци, а не од локалното население: - Жестокиот отпор на групата се должи и на тоа што терористите биле добро вооружени, но пресудно било користењето на оружјето, оти станува збор за терористи што активно учествувале во неколку оружени конфликти во изминатите децении - додава Марковски.

Околу муницијата, аналитичарот смета дека тие само успешно ги искористиле постојните урбани градби за своја одбрана и оти интензитетот на престрелките дозволувал да возвраќаат на огнот долго време и со средно лимитирани борбени ресурси, пишува Нова Македонија.

 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега