Врела шлаканица од Столтенберг за опозициските платеници кои удираа врз грбот на полицајците

За разлика од опозициските портали и соросовите медиуми кои удрија врз грбот на македонската полиција со обвинувања, лаги и манипулации за случувањата во Куманово, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, попладнево на прес-конференција во седиштето на Алијансата во Брисел ја пофали македонската полиција за успешното справување со терористичкиот напад.

Столтенберг посочи дека Министерството за внатрешни работи на Македонија успешно успеало да се справи со предизвикот и амкедонската полиција докажала дека може да се справи со ситуацијата.

- Македонската полиција беше подготвена да се справи и таа се справи со ситуацијата, но за жал со загуби. Сепак, полицијата докажа дека може да се справи со ситуацијата, дециден е Јенс Столтенберг, пишува Курир.

Првиот човек на најголемата воено-политичка организација на светот, исто така посочи дека НАТО ќе го следи одблиску развојот на настаните во Македонија. Тој посочи дека Алијансата има канцеларија за врски во Скопје, каде за неколку дена, според Столтенберг, ќе има состанок со македонските власти, како дел од редовната комуникација, кога тој очекува претставниците на Алијансата да бидат информирани за сегашната ситуација и како истата е решена.

Столтенберг ги замолчи соросовите платеници

Додека безбедносните сили го ставија животот на коцка со цел да ги отстранат ризиците по безбедноста на граѓаните, Соросовата петта колона од нивни медиуми, активисти, експерти од платните списоци оркестрирано започнаа со рафална пропагандна кампања чија цел беше да се продолжи со оцрнувањето на полицајците од една страна, а од друга страна поттикнување на меѓуетнички тензии и закрвувања.

Плусинфо на главниот опозицискиот стратег Бранко Героски најпрво објави фотографии во кои заокружува девојчиња кои наводно биле уапсени, со цел да се зголеми тензијата кај албанското население, иако од сликите се гледаше дека девојчињата кои се заокружени не се уапсени. Дополнително, речиси сите соросови портали пренесоа дека едно девојче и нејзините родители загинале во престрелките во Куманово, обидувајќи се дополнително да долеат масло на огнот. Ваквата информација објавена од Плусинфо, А1 он, Бриф, 24 Вести и низа други опозициски медиуми се покажа како целосна лага и дезинформација. Официјалните информации се дека нема цивилни жртви од престрелките. 

Манипулациите не застана тука, откако телевизија Телма првично објави дека терористите биле апсени во цивилна облека и патики и ниту еден од нив немал униформа, креирајќи хајка против македонските полициски сили бидејќи уапсените не носеле униформи, ваквата информација веднаш се рашири на соросовите портали. На овој начин соросовите медиуми ја продолжија пропагандата со дезиниформации, лаги и информации, чија цел е нарушување на имиџот на полицијата, нејзино деморализирање креирање на тензии меѓу граѓаните и сето тоа во функција на политичката агенда на СДСМ.

Тврдењата на Героски денеска вчера целосно беа побиени од МВР, со објавувањето на видеоснимките од приведените терористи, за кои Героски најверојатно се увери дека не се цивили, како што првично тврдеше. Јасно се виде кого Героски бранеше и за што лажеше. Денешната изјава на првиот човек на НАТО дополнително ја потврдува професионалноста на акцијата и македонските полицајци, кои според Столтенберг успешно ја завршиле операцијата и докажале дека можат да се справат со итуацијата.

Најчевска ја нападна полицијата и ги бранеше терористите

Еден од најжестоките поддржувачи на СДСМ, професорката Мирјана Најчевска во саботата објави шокантни тези за полициската акција во Куманово. Во моментот кога во јавноста имапе  информации за тешко повредени полицајции загинати полицајци Најчевска ја обвини Владата дека употребила непропорционална сила против терористите кои што таа не ги споменува.

Според неа акцијата на полицијата  е злосторство против цивилно население. За акцијата во која со бомби, автоматско оружје и снајпери се нападнати македонските специјалци таа бараше судење и  доживотен затвор за министерката Јанкуловска, премиерот  Груевски и претседателот Иванов.

Иако јавноста веќе беше информирана дека куќите во кои биле сместени терористите од Косово и Јужна Србија се напуштени куќи, Најчевска бараше да не се пукало со тешко оружје и употреба на хеликоптери. Најчевска бараше некој да плати затоа што полицијата интервенирала во градска населба, а не во воена зона.

СДСМ-овецот Тричковски посакуваше смрт за полицајците кои ја бранеа државата

 

 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега