Реконструкција на водоводна и канализациска мрежа на две улици во Штип

Штипското комунално претпријатие „Исар“ од денеска почна со реконструкција на водоводната, канализациската и атмосферската канализација на улиците „Славчо Стојменски“ и „15 Корпус“.

Директорот на ЈП „Исар, Ангел Бојаџиев информира дека екипите на Исар денеска ќе ја завршат санацијата на улицата „15 Корпус“ во должина од 60 метри, пренесува МИА.

- На оваа улица со замената на новите цевки на водоводната мрежа ќе го подобриме притисокот на домаќинставата, линиите беа стари и дотраени, а веднаш после ова од утре почнуваме и со средување на водоводната мрежа на улицата „Славчо Стојменски“, рече Бојаџиев.

Тој додаде дека веќе ја завршиле и санацијата на водоводната и канализациската мрежа на улицата „Џема Бједиќ“, каде што од денеска почна и асфалтирањето.

Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов вели дека градежната фирма Стојменов од Кочани ќе го изврши асфалтирањето, вкупната вредност на инвестицијата е 970.000 денари.

 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега