СДСМ е дел од опасната игра на терористичката група од Куманово

СДСМ се инструменти на сценариото и дел од опасната игра на терористичката група која беше сузбиена во Куманово. Дел од опасната терористичка група која се лоцирала во кумановската Дива населба, ја преминала границата и влегла на територијата на Република Македонија на 5-ти и 6-ти мај, односно вторникот и средата, дознава Курир од безбедносни извори.

Токму на 5-ти мај  и следниот ден на 6- ти мај во Скопје имаше насилни протести во организација на СДСМ, каде беа повредени околу триесетина полицајци од активисти и симпатизери на СДСМ.

Врз македонската полиција удрија и навивичаки групи организирани од СДСМ кои фрлаа бакли, метални прачки, камења и летви по македонската полиција, која бранејќи го мирот и безбедноста на институциите и граѓаните од околните објекти беше ангажирана на терен да обезбеди ред и мир.

Експертите сметаат дека таквиот момент кој се случи во организација на СДСМ е искористен од страна на опасната тетрористичка група која настаните ги искористува да влезе и престојува во кумановската Дива населба.

Познавачите коментираат дека терористите искористиле што СДСМ ги развлече полициските сили. Практично додека полицијата е жива и подвижна мета на демонстрантите на СДСМ во Скопје, во државата влегува организирано јадрото на оваа терористичка група.

Во Куманово стратешки е одбрано густо населено место кое требало да служи делумно како привремен, а делумно како траен стационар и од кое потоа дел од терористите сакале да се распоредат во групи и да се распрснат и да дејствуваат и спроведат терористички дејствија врз цивилни објекти во Скопје и околината и во други градови.

- Прво, оваа операција бараше да се изведуваат тактичко-борбени постапки помеѓу цивилно население. Второ, населеното место нема утврдена шема на инфраструктура по која би се направиле прецизни планови (во смисла на мапи и скици од населеното место, со карактеристики на објектите по скици и шеми), туку овие податоци се добивани од самото место преку извидување, што условно ги терало оперативците на теренот да импровизираат и дополнително да препланираат одредени маневри. И, трето, политичката чувствителност за користење расположливи борбени средства и подмолноста на оној што се брани - можност да биде цивил, а во следната секунда легитимна цел – објаснува универзитетскиот професори војник Методи Хаџи-Јанев.

Тој тврди дека во вакви ситуации напаѓачот, во случајов МВР, во урбана средина мора да е 3-5 пати поброен и понадмоќен од оној што се брани, односно од терористите. 

Според признанијата од самите терористи, нивната намера била терористички напади со разорно дејство и предизвикување на цивилни жртви. Како мета се споменуваа трговски центри, пазари, но и прометни места низ градовите.

Според она што го дознаваме со сигурност терористичката група сакала да го оствари својот план на средината на мај  и да започне со серија терористички напади токму во периодот кога СДСМ најави огромен протест во Скопје. Планот бил додека СДСМ го дефокусира вниманието на полицијата со насилни напади врз службените лица и институциите, нешто што на големо се најавува на протестите во Скопје кое се во организација на СДСМ, нешто на што предупредивме како медиуми уште во петокот, терористите да го искористат тој дефокус и насоченото внимание на полицијата кон протестите и да извшрат терористички акции и реализираат планот за цивилни жртви и предизвикување на штета.

Со цел да не се дозволи развивање на нивните планови и дополнително утврдување во просторот полицијата организираше широка и опсежна професионална ајкција за сузбивање на таа терористичка група.

Подолго време и експертите но јавноста предупредуваа на пошироко сценарио чија цел е дестабилизација на Македонија. Сето ова започна откако Зоран Заев беше посочен за еден од инструментите на сценариото кој преку прислушкување на државниот врв, а подоцна и со користење на такви сечени и монтирани материјали сака да предизвика штета, но и криза во државата.

Дополнително, се потврди и за вистина комуникацијата на Верушевски дека се планира предизвикување граѓанска војна, преку различни инциденти и користење на средства за напад врз државата.

„Ќе биде најверојатно граѓанска војна“ –стои во комуникацијата меѓу првоосомничениот Зоран Верушевски и петтоосомничениот Ѓорѓи Лазаревски, обвинети за шпионажа во случајот „Пуч“. Во комуникацијата објавена пред неколку месеци, која се одвивала преку Скајп, Верушевски го користел името „Оркестар 11“, а Лазаревски „Кока-кола 10а.

– Стануваме потребни и да не бидам скромен претставуваме нешто што тешко може да се замисли, знаејќи го чадорот не верувам дека ќе останеме заборавени. Напротив имаме големи перспективи, пишува „Оркестар 11“.

КУРИР

 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега