ФОТО: Гостивар се прости од Горан Илијевски

На старите градски гробишта во Гостивар, беше погребан загинатиот припадник на МВР Горан Илијевски-Мечето, пренесува Дневник.

Со највисоки почести од него се простија голем број гостиварци, познаници и колеги.

На последниот поздрав присуствуваше и делегација на МВР во која беа директорите на управата за јавна безбедност Митко Чачков и државна безбедност Сашо Мијалков.

- Твојата прерана смрт, му нанесе ненадоместлива загуба на твоето семејство, а твојата единица верен колега. И во оваа акција се вклучи несебично, цврсто решен да ја одбраниш безбедноста на нашата земја, беше речено во последниот поздрав од колегите.

Четириесет и едно годишниот Илијевски во МВР беше вработен од 2002 година. Трагично загубениот живот го одвои од сопругата и ќерката. Илијевски беше тешко ранет во акцијата на полициските сили во Куманово и пренесен на скопските клиники, каде им подлегна на повредите.

Вчера, во гостиварското село Зубовце, гостиварци се простија и од Ненад Серафимоски, полицискиот специјалец кој загина во престрелките.

ФОТО: ДНЕВНИК

 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега