Ваква вест ретко може да се прочита

Ваква вест ретко може да се прочита, во Скопје конечно нема повредени во сообраќајки! Во текот на вчерашниот ден не се случила ниту една сообраќајна незгода со потешки последици, односно се случиле вкупно три сообраќајни незгоди за кои е извршен увид и тие се со последица материјална штета.

Сообраќајната полиција откри и санкционира 14 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, 14 возачи кои непрописно го паркирале возилото на коловоз, тротоар или на велосипедска патека, како и пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 19 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега