Крвава тепачка во Тетово - летале пендреци и безбол палки

Во непосредна близина на Центарот за култура во Тетово, вчера околу 14 часот бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка во која учествувале четири лица: Б.Ш.(24) и В.Н.(19) од населбата Дреновец од една и браќата Џ.С.(24) и Д.С.(23) од Слатино, од друга страна.

Најпрво В.Н. со метален пендрек го удрил Џ.С. по главата и избегал, по што продолжила тепачката во која Б.Ш. употребил и безбол палка. Физичката пресметка, потоа се префрлила и во просторите на објектот на АД„ Стопанска банка“, каде биле оштетени делови од опремата, информираат од тетовската полиција.

Полициски службеници на СВР Тетово, за кусо време пристигнале на местото на тепачката, a сите инволвирани биле приведени.

 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега