ВИДЕО: Дел од терористите ја признаа поврзаноста со Гошинце - пронајдено украденото оружје

По приведувањето и разговорите со лицата осомничени за тероризам, дел од нив ја потврдија инволвираноста и во нападот на Полициската станица Гошинце, посочувајќи го местото на кое го сокриле и складирале оружјето украдено од станицата.

Имено, врз основа на добиено оперативно сознание  пред два дена беа извршени претреси на две локации во Малино Маало, селото Брест, на отворен простор во импровизирани бункери. При претресите пронајдена е поголема количина оружје и муниција и тоа: вкупно 61 парче автоматско оружје од кои кои 21 автоматска пушка од украинско потекло, 35 автоматски пушки од југословенско потекло и 1 автоматска пушка од кинеско потекло, 1 полуавтоматска  пушка и 3 пушко митралези, вкупно 8 сандаци со муниција калибар 7,62  од кои 7 се  пломбирани сандаци со муниција и 1 еден е отворен. Од првично направените проверки утврдено е дека од вкупно 59 парчиња автоматско оружје, кои имале јасни и видливи сериски броеви, 54 пушки со сериски број се сопственост на МВР на РМ, односно оружјето кое било одземено од страна на криминално-терористичката група од Полициската станица за Гошинце на 21.04.2015 година.

 

Пронајдената муниција ќе биде предмет на дополнително вештачење, односно потврдување на сомненијата дека станува збор за истата која била одземена од Полициската станица Гошинце.

 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега