Тешко повредени двајца скопјани

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои шест се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник и двајца пешаци.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист.

Вчера од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 16 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив девет возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 10 возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и 17 возачи кои непрописно го паркирале возилото на коловоз, тротоар или на велосипедска патека.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција отстранети се 27 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега