Првачињата треба да се запишат во училиште

Во сите основни училишта на територијата на општина Аеродром, во тек е уписот на првачиња за учебната 2015/2016 година, согласно член 45, 46, 47, 48, 49, 50, 51, 52 од Законот за основното образование („Сл. весник на РМ“ бр. 103/2008, 33/2008, 116/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014 и 10/2015), член 10 од Законот за просветната инспекција на РМ („Сл. весник на РМ“ бр. 52/2005, 81/2008, 48/2009, 57/2010, 51/2011, 24/2011, 24/2013, 137/2013, 164/2013, 41/2014 и 33/2015).

Запишувањето на првачињата во прво одделение важи за сите деца кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години, односно сите деца коишто се родени во 2009 година.

Детето може да се запише во прво одделение и доколку наполни шест години до 31-ви јануари наредната 2016 година, но по претходно барање од родителите (старателите) и добиено мислење од стручните служби во училиштето.

Уписите во основните училишта на територијата на општина Аеродром се вршат согласно местото на живеење, односно реонот на живеење.

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега