Се запали зграда во Тетово - голем број станари завршија во болница

Вчера избувнал пожар во најголемата висококатница во Тетово во станбениот блок 82.

Тетовските пожарникари ги спасувале станарите откако пламените јазици ја зафатиле зградата, а дел од станарите се жалеле на  затруеност со гасови и веднаш биле пренесени во болница.

Целосно изгореле пет подрумски простории, главниот електричен кабел и пластичните цевки од фекалната канализација во зградата.

Тетовската полиција под сомнение дека го предизвикале пожарот ги привела  Ш.Х и А.Х. од Тетово, но потоа биле ослободени.

ФОТО: Сител 

најчитано сега