Таинствен но моќен и вешт потег на Груевски - по оставките следи силна иницијатива на Премиерот

Таинствен, но во политичките кругови протолкуван како моќен и вешт политички чекор. Изненадувачките самоиницијативни оставки на Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески и Сашо Мијалков имаат длабока политичка поента коментираат експертите. Тие велат дека овие политички потези се специјалност на премирот Груевски и дека ќе му овозможат прекршување на ситуацијата и нова иницијатива. 

Според нив со овој чекор Груевски покажува дека е убеден во силата на аргументите и во поддршката која ја има во народот. Сега, како што велат тие, со овој неочекуван потег кон опозицијата со лидерство го насочува решавањето на политичката криза предизвикана од недостоинственото однесување на раководството на Бихаќка.

Извори од владејчката партија велат дека Мијалков, Јанкуловска и Јанакиески остануваат да бидат едни од главните темели на ВМРО-ДПМНЕ.

По овој одлучен потег на Премиерот, сега топката е кај опозицијата а партиски извори велат дека Македонија мора да продолжи да чекори напред

Овој потег доаѓа и во моменти кога по улиците на Македонија маршираат над 70 илјади луѓе со поддршка за полицијата и полициската акција во Куманово, што е голем симбол за тоа со кого е народот и дека народот ја поддржува полицијата и тоа што полицијата го прави за заштита на мирот и стабилноста на сите граѓани.

Времето кое минува го покажува и она кое Премиерот го тврдеше на неговата прва прес конференција по објавата на кривичната пријава за случајот „Пуч“, а тоа е дека се работи за големо сценарио за дискредитација и рушење на безбедносниот систем и институциите, сценарио на многу монтажи и фабрикувани елементи.

Со овој потег Груевски покажува дека нема од што да се плаши, покажува убеденост во своите политики, и одлучност во намерата до крај да се расчисти со се, убеден во тоа дека вистината е на негова страна и дека цело ова сценарио кое очигледно не го игра опозицијата ќе доживее на крај дебакал.

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа