Оставките предизвикаа шок на Бихаќка

Шок на Бихаќка предизвика предизвикаа вчерашните три оставки на високи државни функционери. Партиски извори велат дека потегот на Груевски предизвикал вистинско изненадување кај раководството на СДСМ кое воопшто не очекувало лидерот на најголемата партија во земјава да направи таков рез во овие моменти.

Добро упатени извори и од двете партии се согласуваат дека сега топката се префрла во дворот на Зоран Заев кој мора да повлече потег, а еден од чекорите на кои инсистира меѓународниот фактор е враќање во Собранието.
Во таква ситуација, експертите коментираат дека позицијата на Заев, кој е обвинет за сериозен криминал станува незавидна, односно лидерот на СДСМ ќе се најде под силен напад на сопственото членство дека и по неколку месеци „бомбардирање“ од Бихаќка, неговата партија повторно е во пратеничките клупи, а Владата на Груевски се уште ја води државата.

Амбасадорите на најмоќните земји во Македонија деновиве остварија серија средби со лидерите на партиите од власта и опозицијата. По онаа со Груевски, тие јасно порачаа дека е потребна независна истрага за содржината на бомбите, а оставките на Министрите за транспорт и врски и внатрешни работи, како и првиот човек на УБК, секако ќе го овозможат тоа, бидејќи токму овие функционери се на врвот на листата најприслушувани, односно за нив, се објавени најмногу телефонски разговори. Јанкулоска и Јанакиески граѓаните ги слушнаа по околу 120 пати, додека гласот на Мијалков се слушаше во четириесетина разговори.

По средбата на истите амбасадори со Заев, пораката беше уште појасна а тоа е враќање на опозицијата во Собранието. Ваквиот развој на настаните врши притисок врз Заев да го повлече следниот потег.
Дипломатски извори велат дека доколку лидерот на СДСМ сака да покаже дека е подготвен за разумна политика, за очекување е неговите пратеници кон почетокот на наредниот месец да се вратат во пратеничките клупи.

 

Што се однесува до потегот на Груевски, аналитичарите велат дека подготвеноста на вакви чекори секогаш му носеле големи придобивки на Премиерот. Според нив, Груевски со ова покажува дека верува во силата на аргументите и поддршката од граѓаните.

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа