Хаг го одби барањето на Караџиќ за одржување статусна конференција за неговото здравје

Претресниот совет на Хашкиот трибунал го одби барањето на поранешниот претседател на Република Српска (РС) Радован Караџиќ  за одржување статусна конференција на почетокот на јуни на која ќе се разговара за неговото здравје, се наведува денеска од Трибунал.

„Претресниот совет не гледа каква било причина да свика статусна конференција“, пишува во соопштението на Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства на подрачјето на поранешна Југославија што беше доставено до медиумите, а за кое јави Танјуг.

Во соопштението се наведува дека „ доброто за обвинетиот  и неговата здравствена состојба се од најголемо значење за Претресниот совет“

„Советот ги зеде во предвид резултатите од крвта на обвинетиот, но без каков било конкретен правен лек побаран во Барањето за тоа прашање и (затоа) Претресниот совет не гледа каква било причина да свикува статусна конференција“, соопшти Хашкиот трибунал.

Во дописот до судиите на Хашкиот трибунал, во април, Караџиќ побара да се одржи статусна конференција меѓу 1. и 9. јуни годинава, на која ќе се разговара за неговите здравствени проблеми, со оглед на фактот дека има зголемено ниво на шеќер во крвта.

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега