Запалено возилото на новинарот Тричковски

Полицијата утрово околу пет часот добила пријава дека е опожарено патничкото моторно возило „Ренџ Ровер“ со скопски регистарски ознаки, инаку сопственост на новинарот Бранко Тричковски.

Настанот се случил на  булеварот „АСНОМ“ од засега непознати причини, а од пожарот било зафатено уште едно возило „Опел Астра“ со скопски регистарски таблички.

СВР-Скопје врши увид на местото на настанот и работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега