Отворен патот за формирање на специјален суд за злосторствата на ОВК

Косовската парламентарна Комисија за правосудство денеска ги проследи амандманите на Уставот до Парламентот на Косово, со што е отворен патот за формирање на Специјален суд за воени злосторства извршени од страна на припадниците на ОВК, јави Танјуг.

Одлуката е донесена во остра дебата меѓу претседателката на Комисијата Албулена Хаџи и Фатмир Лимај од една страна и пратениците на Демократски сојуз на Косово Арменд Земај и Дорунтина Маљоку. Главното прашање било за што да суди Судот и дали Ослободотелната војска на Косово (ОВК) ќе биде омаловажена.

Земај оцени дела треба да се расветлат убиствата на главните луѓе на ОВК, додека Лимај инсистирал да се уапсат луѓето кои во име на ОВК направиле злосторства.

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега