Грција под голем притисок од страна на кредиторите

Грчката Влада ќе мора да собере најмалку три милијарди евра преку дополнителни фискални мерки до крајот на 2015 година за да ги исполни минимум буџетските цели кои нејзините доверители ги сметаат за прифатливи, јави дописникот на МИА од Атина.

Со ваквите буџетски кратења, примарниот буџетски суфицит во 2015 година би изнесувал нешто повеќе од еден процент од бруто домашниот производ (БДП), што е цел која вчера грчкиот министер за внатрешни работи, Никос Вуцис ја нарече „прифатлива“.

Тој нагласи дека во преговорите со кредиторите, еден од главните проблеми е примарниот суфицит.

- Ако тие инсистираат на 2,0 до 2,5 проценти примарен суфицит за 2015-2016 и 3,5 проценти суфицит во наредните години, наместо 0,8 до 1,0 проценти како што првично беше планирано, тоа ќе биде пречка во преговорите, рече тој.

Европската комисија прогнозира дека јавниот долг на Грција следната година ќе достигне 174 проценти од БДП, 15 отсто повеќе од нивото предвидено во февруари.

Грција веќе четири месеци преговара со своите меѓународни кредитори за реформите потребни за одблокирање на траншата во вредност од 7,2 милијарди евра од пакетот помош од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). До постигнување на договор со доверителите, Атина останува без пристап до средства од пакетот.

Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас вчера имаше маратонска седница која траеше до доцна во ноќта, на која била направена целосна проценка на тековните преговори меѓу Грција и нејзините партнери и опширно било разговарано за нивниот понатамошен тек. Владата го овластила преговарачкиот тим кој учествува во Бриселската група, денеска да ги продолжи преговорите со цел постигнување взаемно корисен договор, соопштија официјални извори.

Во меѓувреме, министерот за финансии Јанис Варуфакис изјави дека преговорите меѓу Грција и нејзините доверители сега се во „најтешка ... несигурна ситуација“

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега