Ахмети: Не сакам да ме бацуваат како Заев

Не сакав некој да ме навреди и да се прегрне и бакне во образи како Заев.  Ова вечерва го изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети при гостувањето во емисијата „Патот кон...“ на новинарот Мухамед Зекири која се емитува на Алсат телевизија.

На провокативните прашања на Зекири зошто Ахмети не бил во Куманово, лидерот на ДУИ одговори  дека не сакал да го злоупотребат и да го бацуваат во образи како Заев.  Ахмети сметал дека ситуацијата е тензична, а тој си ја вршел својата работа.

- Ако тие ја оценат оваа работа, дека јас најмалку сум се обидел колку сум имал можност и ме радува тоа што нема убиени цивили, реков и на почетокот материјалната штета се враќа, човекот не се враќа, материјалните штети може да се надоместат, ќе се најдат начини да се надоместат. Но и не сакав некој да ме навреди и да се прегрне и бакне во образи како Заев, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ нагласи дека ќе оди во Куманово, но во порелаксирани околности. Во обид за политичко поентирање и маркетинг Зоран Заев направи посета на Дивата населба во Куманово само еден ден откако имаше голема полициска акција за сузбивање на опасната терористичка група.

 

Она што наиде на остра осуда од јавноста и жестоки реакции по социјалните мрежи е тоа што Зоран Заев го искористи моментот, во период кога Македонија жалеше по  8-те прерано згаснати животи на македонски полицајци, тој насмеан и среќен во прегратките на УЧК правеше селфи од лице место на настаните.

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега