Влегол преку незаклучена врата и ја нападнал - ограбена старица од Битола

21-годишниот В.С. од Прилеп си заработи кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“.

Тој на улицата „Јадранска“ во Битола преку отворена влезна врата влегол во станот на 76-годишната И.Н. и со закана со нож извршил разбојништво над истата.

Прилепчанецо од жената успеал да одземе два златни прстени и  синџирче  со приврзоци, како и паричник со документи.