Дежурните од ГОБ 8 Септември се откажуваат од плата плус - ја даваат на полицајците

Медицинскиот персонал во ГОБ 8 септември кој викендот беше ангажиран за лекување и повредените полициски службеници во акцијата во Куманово се откажува од понудената награда (уште една плата) и истата сакаат да биде пренаменета за ранетите и семејствата на загинатите полицајци.

Според информациите на zdravstvo24.mk ваква одлука едногласно била донесена на вчерашниот редовен утрински колегиум на лекарите во болницата. За време на акцијата во оваа здравствена установа беа примени 11 повредени припадници на безбедносните сили. Шестмина поради сериозноста на повредите биле оперирани.
ВО болницата сеуште на лекување се 5 полицајци.

 

 

Оцени ја веста

15.05.2015 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега