ФОТО: Дури и во Струмица Заев не може да собере повеќе од 300 луѓе на протест

Опозицискиот лидер Зоран Заев дури и во својата Струмица не може да собере повеќе од 300 луѓе на протест за своја поддршка.

Иако како што пишуваат опозициските портали попладнево во Струмица дури триесеттина граѓански здруженија излегле со перформанс „Протестирам – постојам“ , сепак фотографиите покажуваат дека струмичкиот градоначалник за своја поддршка не може да собере повеќе од 300 лица.

Покрај слабата поддршка во Струмица, се помалку луѓе излегуваат за да дадат поддршка за протестите на СДСМ против полицијата и Владата во Скопје.

Слабиот одзив како овој денеска во Струмица е доказ дека СДСМ се соочува и со слаб одзив на своите членови за најавениот протест на 17-ти, со што се зголемува нервозата кај раководството кое станува се поагресивно во притисоците врз своето членство како и притисоци врз вработените во општините со кои тие управуваат.

 

 

Оцени ја веста

15.05.2015 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа