Во Прилеп почна исплатата на субвенциите за тутунот

Во Прилеп почна исплатата на субвенциите за минатогодишната реколта тутун. Според Подрачната единица на Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, субвенции има за сите тутунари без разлика кај кој откупувач го предале родот.
 
- Ланската реколта тутун беше тешка околу 25.000 тони од кои нешто повеќе од половината, 13.000 тони се од прилепско-пелагонискиот регион. За прилепските тутунари се обезбедени околу 13 милиони евра од вкупно 25-те милиони за исплата на субвенциите за целата реколта, информира Коста Дурланов од Подрачната единица на Министерството за земјоделство.
 
Тутунарите се нестрпливи што поскоро да ги подигнат парите зашто, велат, сега е во ек расадопроизводството. 
 
Според Подрачната единица, за новата реколта тутун се подигнати 11.100 бели картони или околу 1.500 помалку од лани.
 

 

Оцени ја веста

16.05.2015 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега