Кривична пријава за четворица насилници од Скопје, упатувале и закани по живот
СВР Скопје- Единица за насилен криминал до Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против С.О.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено едно кривично дело „Насилство“ и против О.И.(25), Б.J. (22) и В.Ј.(21) сите од с. Глумово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „Насилство“и „Незаконито влијание врз сведоци“.
Имено на 31.03.2015 година околу 11:00 часот на ул. „Џон Кенеди“ на автобуска постојка, додека оштетениот кој е ученик во СГУС „Цветан Димов“ чекал автобус заедно со неговата девојка и уште двајца другари, во еден момент од спротивната страна на улицата застанало возило од кое излегле пријавените, при што О.И. му се приближил и му рекол дека С.О. сакал да разговара со него. Откако се сретнал со првопријавениот кој бил заедно со Б.Ј. и В.Ј. истиот физички го нападнал удирајќи го со тупаница во пределот на главата, а веднаш потоа и останатите пријавени почнале да го удираат со клоци и гумена палка во пределот на главата и телото, по што го напуштиле местото на настанот, а оштетениот се здобил со телесни повреди.
На 16.04.2015 година пред СУГС „Цветан Димов“ дошле второ , трето и четврто пријавениот и му се заканувале на оштетениот доколку не ја повлече дадената пријава против нив истите ќе нападнат врз неговиот живот, а истите закани подоцна ги упатиле и кон неговата мајка.
По настанот случајот повторно го пријавиле во полиција.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа