Тројца кичевци заработија кривични пријави за насилство

 Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против кичевците Н.Ц.(31) Е.Ц.(24) и Е.З.(25) поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.

Пријавените, на 3 мај годинава околу 16:40 часот на ул.„11-ти Октомври“ во Кичево пред зградата каде Е.Б. живеел и физички го нападнале удирајќи го со клоци и разни тврди предмети нанесувајќи му телесни повреди по што успеал да избега во својот дом.

Од полицијата информираат дека пријавените насилно влегле во станот каде било неговото семејство и тука повторно го нападнале Е.Б. задавајќи му уште неколку удари со дрвен предмет по целото тело. Е.Б. повторно успеал да им избега на тројцата пријавени кои набрзо се приведени во ПС„Кичево“. 

 

 

Оцени ја веста

17.05.2015 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега