Проверете дали денеска ќе останете без вода

Поради давање водоводен приклучок Ф-100 на улицата Даскал Камче во населба Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Даскал Камче, Гиго Михајловски и Иван Аговски од 9:30 часот до завршување на приклучокот.

Исто така, поради уличен дефект Ф-80мм на улица Црниче 12 во населбата Црниче, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улица Црниче и дел од Банско, од 10 часот до завршување на истиот.

 

 

Оцени ја веста

20.05.2015 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега