Шојбле: Овојпат не исклучувам банкрот на Грција

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека овојпат не ја исклучува можноста Грција да банкротира, пренесува БТА.

Во интервју за „Волстрит џурнал“ и францускиот „Еко“, новинарот од Шојбле побарал да го повтори тврдењето, кое го изнесе кон крајот на 2012 година дека Грција нема да банкротира, на што германскиот министер изјавил: Треба да размислам навистина многу пред да го повторам моето тврдење во овој момент.

- Демократската одлука на грчкиот народ, не става во една многу поинаква ситуација, изјави Шојбле, осврнувајќи се на резултатите од последните парламентарни избори, од кои се роди Влада, која според „Волстрит џурнал“, по се изгледа е решена да ги врати назад петте години на буџетска консолидација и реформи.

Според американскиот весник, Шојбле не покажал подготвеност за компромис во рамки на преговорите со Атина за деблокирање на последната транша од спасителната помош за Грција.

Без договор, актуелната програма ќе заврши за шест седмици и банкрот ќе биде единствениот избор за Грција, наведува весникот.

Шојбле вели дека трета програма за излез од кризата за Грција може да има само ако актуелната биде финализирана.  

 

 

Оцени ја веста

21.05.2015 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега