Милан Звер: Техничка влада не е искрен предлог за решение

Кризата во Македонија е мотивирана од недостатокот на разбирање на парламентарната демократија кај опозицијата, особено што и во случајот во Македонија станува збор за партија од социјал-демократска провиниенција.

Словенечкиот европратеник, Милан Звер во интервју за Прес24 вели дека техничка влада, предлогот на опозицијата, не е искрен предлог за разрешување на кризата во Македонија. Од тие причини смета дека разговорите меѓу власта и опозицијата под патронат на Европскиот Парламент не треба да резултираат со такво решение.

-Факт е дека да се разговара и да се преговара е неопходно, а понекогаш е потребно и да се направи отстапка. Но ќе биде грешка доколку социјал демократите издејствуваат се што побараа за време на разговорите, вели во интервјуто за Прес24, словенечкиот европратеник, Звер

Тој смета дека покрај однесувањето на опозицијата, во голема мера вина со состојбата имаат и западните земји, кои не најдоа начин да го придвижат ЕУ процесот за Македонија.

-Земјата добро економски се развиваше и постануваше модерна демократска земја особено во последните 10 години на чело со Груевски. Сметам дека таа неодамна беше дестабилизирана од два фактори: најпрво, од опозициските социјал демократи кои не беа во можност да се опорават од поразот на последните избори и второ од меѓуетничките тензии.

Западните земји сега мора да ја разрешат ситуацијата, која и самите ја потпомогнаа на некој начин. Сите ние, кои работиме со европските институции и НАТО , сносиме одговорност. Ако датумот за старт на преговорите за членство веќе беше одреден, ваква дестабилизација тешко дека ќе се случеше, иако мораме да запомниме дека изминативе години социјал-демократите не бираат средства за делување во политичката борба како што видовме и во Словенија, Бугарија и на неколку други места, вели Звер во Интервјуто за Прес24.

Според него тезата дека во Македонија се случува судир меѓу прозападна опозиција и проруска власт е нон-сенс и таа теза е дел од политичката пропаганда

-Оваа теза има за цел да ги прикаже социјал-демократите како про-западно ориентирани, а владата како поддржувач на Москва. Ова е нон-сенс. Повеќе би рекол дека ситуацијата е сосема спротивна, вели словенечкиот европратеник Милан Звер во интервју за Прес24

Тој во интервјуто дава оценка и за состојбата во регионот и можноста за нови конфликти.

ПРЕС24: Македонија веќе неколку месеци се наоѓа во една политичка криза. Како Вие гледате на таа ситуација?

ЗВЕР: Се согласувам. Македонија е во длабока политичка криза. Земјата добро економски се развиваше и постануваше модерна демократска земја особено во последните 10 години на чело со Груевски. Сметам дека таа неодамна беше дестабилизирана од два фактори: најпрво, од опозициските социјал демократи кои не беа во можност да се опорават од поразот на последните избори и второ од меѓуетничките тензии.

ПРЕС24: Кризата почна по парламентарните избори на кои опозицијата во Македонија беше поразена со повеќе од 190.000 гласови. Тогаш опозицијата ги оспори резултатите и одби да учествува во работата на Парламентот. Потоа се појавија оние телефонски разговори во кои опозицијата ја обвинува власта дека е корумпирана и дека ги украла изборите?

ЗВЕР: Изборната разлика беше толку драстична шти владејачката партија едноставно не би можела да ја фалсификува како што тврди опозицијата. Груевски успешно ја води земјата и граѓаните го наградија тоа. Фактот што опозицијата не учествува во парламентарниот живот е израз на недостаток на разбирање на парламентарната демокрарија.

ПРЕС24: Дали политичката криза во Македонија може да се претвори во безбедносна криза, особено по настаните во Куманово?

ЗВЕР: Ситуацијата во Куманово беше разрешена изненадувачки брзо, но би сакал тоа решение да биде на долгорочен, одржлив начин. Тоа ќесе случи кога Макеоднија и нејзините соседи ќе станат полноправни членки на ЕУ, тоа ќе гарантира сигурност.

ПРЕС24: Под патронат на Европскиот Парламент почнаа разговори помеѓи опозициската и владеачката партија, мислите ли дека од тие разговори ќе произлезе политчко решение?

ЗВЕР: Веројатно. Факт е дека да се разговара и да се преговара е неопходно, а понекогаш е потребно и да се направи отстапка. Но ќе биде грешка доколку социјал демократите издејствуваат се што побараа за време на разговорите.

ПРЕС24: Опозицијата инсистира на некоја врста на преодна или техничка влада, но власта останува на ставот дека тоа не е решение, туку дека е преседан кој ќе ја продлабочи кризата?

ЗВЕР: Техничката влада не е искрен предлог за разрешување на кризата во Макеоднија.

ПРЕС24: Многу аналитичари сметаат дека тоа што се случува во Македонија е еден вид тивка војна помеѓу Западот и Русија, околу руско-турскиот гасоводен тек. Колку има вистина во тоа?

ЗВЕР: Да ги читам овие интерпретации, но уверен сум дека се тие продукт на политичка пропаганда. Оваа теза има за цел да ги прикаже социјал-демократите како про-западно ориентирани, а владата како поддржувач на Москва. Ова е нон-сенс. Повеќе би рекол дека ситуацијата е сосема спротивна.

ПРЕС24: Дали тоа што Македонија се уште не е дел од НАТО и што веќе неколку години има статус кво ситуација во ЕУ процесот е можност за дестабилизација?

ЗВЕР: Западните земји сега мора да ја разрешат ситуацијата, која и самите ја потпомогнаа на некој начин. Сите ние, кои работиме со европските институции и НАТО , сносиме одговорност. Ако датумот за старт на преговорите за членство веќе беше одреден, ваква дестабилизација тешко дека ќе се случеше, иако мораме да запомниме дека изминативе години социјал-демократите не бираат средства за делување во политичката борба како што видовме и во Словенија, Бугарија и на неколку други места.

ПРЕС24: Освен Македонија, уште 6 држави од Западниот Балкан се во процес на интеграција кон Европската Унија, но дел од тие држави имаат значајни меѓусебни проблеми. Како Вие гледате на иднината на овие земји, дали е можна нова дестабилизација на регионот?

ЗВЕР: За жал мислам дека е така. Интеграцијата на земјите од Балканот во ЕУ е предуслов за да се избегне конфликт и повторување на уништувачките балкански војни на кои сведочевме во 20тиот век.

ПРЕС24: Идејата за Голема Албанија се уште не е поразена?

ЗВЕР: Голем дел од Албанците гледаат дека Албанија забрзано прогресира кон ЕУ што за нив станува атрактивно, иако реформите во Албанија и Макеоднија не можат да се споредат. Исто така, животниот стандард е значајно подобар во Макеоднија споредено со Албанија. Во моментот кога сите ќе бидат интегрирани во ЕУ, идеите за Голема Албанија, Србија, Грција, Бугарија па ако сакате и Макеоднија ќе бидат ирелевантни.

ПРЕС24: Европската Унија, Брисел веќе со години стои на страна во спорот меѓу Македонија и Грција. Мислите ли дека една проактивна политика на Брисел би можела да ги придвижи македонските евроинтеграции?

 

ЗВЕР: Да, уверен сум дека Брисел треба да бара решение за спорот многу поактивно и многу потемелно.

 

 

Оцени ја веста

21.05.2015 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега