Црна Гора го одбележува Денот на независноста

Црна Гора денеска го одбележува Денот на независноста, кога на 21 мај 2006 година на референдум ја обнови државната нензависност. Премиерот Мило Ѓукановиќ по тој повод изјави дека девет години подоцна државата е во непрекинат, постојан, мерлив и водлив напредок на внатрешен и меѓународен план.

Според официјалните резултати на референдумот  гласале 419.240 граѓани, односно 86,5 проценти од вкупниот број гласачи. Независноста на Црна Гора е поддржана од 55,5 проценти од граѓаните, додека за задржување во рамки на заедничка држава со Србија се изјасниле 44,5 проценти од гласачите. 

Парламентот на Црна Гора претходно усвои Закон за референдум, кој е договорен со препорака на ЕУ, а според кој за успех на референдумот била потребна поддршка од 55 проценти од гласачите. 

Референдумското прашање гласело: Дали сакате Република Црна Гора да биде независна држава со целосен меѓународно-правен субјективитет?

Свечен прием по повод Денот на независноста е одржан синоќа во Вила Горица во Подгорица. Премиерот Ѓукановиќ по тој повод истакна дека 21 мај е цивилизациски чекор напред вреден црногорски 21. век и оцени дека Црна Гора денеска е најпросперитетна економија во овој дел на Европа, регионален лидер во европска и евроатлантска интеграција, пренесува Танјуг. 

Претседателот на Парламентот Ранко Кривокапиќ денеска ќе положи венец на Мавзолејот на Његош во Ловчен.

 

 

Оцени ја веста

21.05.2015 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега