Еве што Хитлер зборувал за Хрватска и Хрватите

Книгата „Hitlers Table Talk“ објавена уште пред педесет години, во 2000 година го доживеа вистинското реиздание.

Тоа е збирка од монолзи на Адолф Хитлер, каки и разговори со блиски соработници во периодот од 1941 до 1944 година.
Сите негови разговори се забележани. Оние со Хајнрих Хајм, Хенри Пикер и Мартин Борман. Хитлер говорел за религија, филозофија, политика и бројни други теми.

Меѓу останатото, на неколку места се споменуваат и Хрватите во контекст кој нималку не е незначителен. Иако никогаш не престојувал во хрватското поднебје, Хитлер вели дека тоа е добра туристичка дестинација.

„Кога Хрватите би биле дел од рајхот, како изврсни војници на германскиот фирер, би го чувале мочуришното подрачје. Според нив не би требало да се однесува онака како што сега тоа го прави Италија. Хрватите се силно горделив народ, и би требало заклетвената верност директно да ја поврзат со фирерот.

„Во тој случај би можеле целосно да се ослонат на нас. Да речеме кога пред мене би застанал Кватерник (Славко Кватерник усташки идеолог) во него гледам се она што Хрватите се – цврсти во пријателството, а неговиот збор го врзува засекогаш – вели Адолф Хитлер.

 

Сепак постојат историски околности кои покажуваат дека Хрватска за него би била извор за грабеж и бесплатна работна сила.

„Секој 30 човек доаѓал во Герамнија на присилна работа, а многу од нив не се ни вратиле. Станува збор за повеќе од 200.000 луѓе од Хрватска и подрачјето на БиХ. Така шот од хрватите нацисти експлоатирале земјоделски производи и руда. Генерално, Хитлер на Хрватска гледал како на колонија“, објаснил професорот по историја Иво Голдстајн.

Неговиот колега Твртко Јаковин изјави како мислењето на Хитлер варирало и бил склон на оние кои му биле сојузници, иако имал лошо мислење за Словенците.

„Говорејќи повторни за Хрватите, привлечна му била идејата од етничка гледна точка, односно тоа што требало да ги германизира. Од политички поглед сепак ваквата идеја не била остварена.

Во своите разговори Хитлер ја споменува и идејата за готското потекло на Хрватите.

„Хрватите се доста упорни и сакаат дане ги сметаме за Словени. Тие тврдат дека се потомци на Готите. Тоа што говорат словенски јазик за нив е чиста случајност“ вели Хитлер.

 

Современите тврдат дека во друштво на учените луѓе, Хитлер силно се трудел да го покаже своето знаење. Книгата Hitlers Table Talk освен на германски, достапна е и на француски и англиски јазик.

 

 

Оцени ја веста

21.05.2015 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега