СДСМ вчера тврдеше дека се невини - демонстрантите кои ја тепаа полицијата денеска ја признаа вината
Обвинетите насилни демонстранти кои на 5 мај ја тепаа полицијата пред Владата утрово пред Судот ја признале вината. Тие изјавиле дека никој не им вршел притисок да го сторат тоа ниту пак некој им се заканувал.
Со ова се отвора можност судот веднаш да ја донесе пресудата.
Признанијата на деветмината обвинети доаѓаат само еден ден откако СДСМ побара ослободување за нив, тврдејќи дека се невини.
„Во притвор се голем број на студенти коишто се невини и коишто на никаков начин немаат придонес во нападите брз полицајците.
Имајќи во предвид дека причина за протестите е обидот да се прикрие брутално убиство на невин млад човек од страна на припадници на МВР, СДСМ бара итно ослободување на притворените невини студенти од протестите на 5-ти мај.“ – изјави вчера Дамјан Манчевски
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа