Затвор 10 месеци и условни казни за обвинетите кои ги тепаа полицајците на протестите на СДСМ

Една ефективна затворска казна и уште 8 уловни казни изрече денеска скопскиот Кривичен суд на деветмината обвинети за тепањето на полицијата на протестите на СДСМ од 5 мај. Најтешка казна доби еден од обвинетите кој и претходно бил осудуван за слично дело. Тој ќе треба да помине 10 месеци во затвор. Едно лице доби казна затвор од една година која нема да се изврши доколку не стори исто дело, а уште 7 лица добија условни затворски казни од по 3 месеци кои исто така нема да се извршат ако не го покријат делото. 
Сите обвинети пред судот го признале делото.

 

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега