Потпишан протокол за дополнителна квота дозволи од трети земји меѓу Македонија и Србија

На состанокот на мешовитата комисија за меѓунроден превоз на патници и стока меѓу Република Македонија и Република Србија која се оддржа во Белград, потпишан е протокол со кој е договорено за 2015 година да се размени дополнителна квота  од 50  дозволи за и од трети земји.

 Исто така договорена е прелиминарната квота на дозволи за превоз на стока за 2016 година и тоа:

- билатералниот и транзитниот превоз на стока за еколошки возила да биде либерален  односно без режим на дозволи

- да се разменат 5000 билатерални дозволи за нееколошки возила

- да се разменат 5000 транзитни дозволи за нееколошки возила

- да се разменат 300 дозволи за и од трети земји

 Исто така договорено е веднаш да се започне постапка за измена на спогодбата за меѓународен патен сообраќај меѓу Република Македонија и Република Србија каде ќе се предвиди целосна либерализицаија на билатералниот и транзитниот превоз на стока за нееколошки возила односно да се врши без режим на дозволи, како и либерализација на наизменичниот превоз на патници.

 

 Усогласувањето на текстот на спогодбата се очекува во септември или октомври годинава и истата да стапи на сила најдоцна до почетокот на следната година

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега