Момче тешко повредено во сообраќајка во Гостивар

Сообраќајна несреќа во која тешко повреден е пешак се случила синоќа во Гостивар.

Според полициските информации 20 годишниот И.С. управувајќи автомобил Пасат удрил во пешакот Н.Ј. (25).

Од ударот пешакот се здобил со тешки повреди и со истото возило веднаш е пренесен во гостиварската болница, а поради сериозноста на повредите итно е префрлен на скопските клиники.

По овластување на јавен обвинител, увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега