Милена постојано рони солзи над болничкиот кревет - каква е состојбата на легендарниот актер?

Состојбата на легендарниот актер Драган Николиќ кој е во болница е сериозна. Докторите и неговите најблиски деноноќно бдеат над него и прават се да му го спасат животот.

Како што денеска пишува српскиот Курир, до 72-годишниот актер кој е во шок соба, постојано е неговата сопруга со посебна дозвола од лекарите. 

- Милена е исплашена за него. Не се помрднува од креветот и постојано плаче. До доцна навечер му прави друштво иако тој е во шок соба, вели извор.

Според информациите на српскиот Курир, актерот и покрај состојбата, добро се држи. Тој постојано и зборувал на својата сопруга да издржи и дека се ќе биде добро, дека двајцата ќе излезат од болничката соба заедно.

Му посакуваме брзо оздравување.

 

 

Оцени ја веста

23.05.2015 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега