Пукање и филмска бркотница во Велес

Четириесет и деветгодишен штипјанец синоќа е приведен во Полициската станица во Велес поради обид да прегази полициски службеник со возило во кое имало седум мигранти, државјани на Сирија.

Р.Д.  управувајќи патничко моторно возило „Застава 101“ со велешки регистерски таблички не застанал на дадениот знак на полицаецот, кој бил во близина на Езерото Младост и се обидел да го прегази, по што полицискиот службеник  од својот пиштол испукал еден куршум во правец на возилото, при што лицето кое го управувало  возилото, застанало, по што е приведено.

Обид да прегази полицискиот службеник имало и при запирање патничко моторно возило „Фиат Брава“ со велешки регистерски ознаки, вчера во 21 часот и 20 минути. Според полицијата, откако не успеал да го прегази, возачот запрел на неколку метри и се дал во бегство. Во возилото биле пронајдени тројца мигранти од Сирија.

 

 

Оцени ја веста

25.05.2015 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега