Продолжениот викенд му се претвори во хорор на стружанец

Штета од околу 900 илјади денари претрпел 73-годишниот Т.С. од Струга, откако синоќа околу 22 часот избувнал пожар во неговата викендичка во тетовското село Волковија.

Пожарот избувнал при засега неутврдени причини и во неразјаснети околности во потпокривот од викендичката што во тој момент била празна и без покуќнина. Огнот ги опожарил потпокривот, покривната конструкција од ќерамиди, четири дрвени врати и дрвен прозорец. Со интервенција на Тетовската противпожарна единица огнот многу брзо бил изгаснат, пренесе МИА.

Се работи на расветлување на настанот.

 

 

Оцени ја веста

25.05.2015 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега