ФОТО: Страшна сообраќајка во Тафталиџе, тешко повреден мотоциклист

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево кај трговскиот центар „Олимпико„ во Тафталиџе, при што е повреден еден мотоциклист.

Според првичните информации, две лица на мотоцикли се обиделе да избегнат пешак. Едниот од нив успеал да го избегне пешакот, додека вториот во обид да го избегне пешакот удрил во тротоар и летал триесетина метри, пишува Република.

Според тврдењата на очевидци, пешакот не поминувал на пешачки премин.
Брза помош веднаш пристигнала на местото на настанот, а во тек е увид на полицијата.
 

 

Оцени ја веста

25.05.2015 - 15:18
Фото: 
Република

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега