Нов бран на имигранти од Сирија

Повеќе од 300 имигранти денеска се извлечени од чамци во Грција. Грчките власти ги затекнале лицата, кои влегле во земјата преку Турција, во источниот дел на Егејското море. Бројот на имигранти кои главно доаѓаат од Сирија, во изминатите два дена, се искачи на 1.200. 

Најчести дестинации на бегалците се Италија и Грција, а целта им е подобар живот во Европската унија. 

Во текот на оваа година пристигнале околу 30.000 лица. Грција веќе побара поголема помош од ЕУ за справување со илегалната миграција.

 

 

Оцени ја веста

26.05.2015 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега