Од куќата остана само пепел - хорор за гостиварчанец

Во пожар кој изби околу 3 часот изутрина во куќата на 67-годишниот М.Т. во непосредна близина  на џамијата во Балиндол, изгорела целата покуќнина. За време на пожарот, во куќата немало никој, бидејќи сопственикот бил на одмор.

Гостиварските пожарникари интервенирале и за нецел час целосно го локализирале пожарот, а првичната штета надминува 1,5 милиони денари. Огнот најпрво пламнал во дневната соба, а потоа брзо се проширил кон потпокривот и другите простории. Во опожарувањето изгореле 6 прозорци, дрвени скали, повеќе парчиња мебел, електрични апарати и подни покривки, а причинети се и други оштетувања во внатрешноста на куќата, пренесе МИА.

 

 

 

Оцени ја веста

26.05.2015 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега